Игор ДУРЛОВСКИ
Градоначалникот на Скопје продолжува со навреди кон мене и во интервју ме нарекува фашист, вели Игор Дурловски на својот ФБ профил.
Петре, слушај вака, таму кај што сум газел ти допрва ќе газиш, а не мислам на светските оперски сцени, пишува Дурловски.
Вчера, на ТВ Телма, Шилегов го нарече Дурловски фашист:
„Заслужи да биде опишан како фашист. Дурловски е фашист. Дурловски предводеше група која влезе во Собрание да убие пратеници. Мојата перцепција е таа. Судот во Хаг кажа дека Шешељ не е крив. Вие верувате дека Шешељ не е крив и не е фашист?! Неговата реторика доведе до војни на Балканот во деведесеттите. Реториката на овој човек доведе до влез на луѓе во Собрание. Што е проблемот, не може да е фашист некој што бил оперски пејач?! Менгеле бил доктор“, рече Шилегов.