Владата на денешната редовна 74-та седница врз основа на известувањето за спроведените активности поднесено од Министерството за транспорт и врски донесе Одлука за повлекување на Предлог-законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура.
Како што информираат од владината прес-служба, во известувањето, кое го прифати Владата беше изнесено дека во изминатиот период ресорното Министерство организираше работни средби со претставници на комори и асоцијации од областа на градежништвото, урбанизмот, претставници на граѓанскиот сектор и учествуваше во јавни дебати организирани од страна на останати субјекти, на кои беа дадени забелешки за одредени законски решенија и предлози и сугестии за нивно доуредување.
-Министерството за транспорт и врски ќе изработи нов Предлог-закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, согласно дадените забелешки, порачуваат од таму.