Американските компании можат да побараат од вработените  да бидат вакцинирани против Ковид-19, соопшти Комисијата за еднакви можности за вработување (EEOC).

EEOC, во соопштението објавено на својата веб-страница ги објаснува своите упатства – од вработените може да се бара да се вакцинираат се додека работодавците ги почитуваат разумните законски одредби.

Покрај тоа, работодавачите можат да понудат стимулации за работниците да бидат вакцинирани, се додека тие не се присилни.

Огромно мнозинство на работодавци не сакаат да бараат вакцинирање на работниците. Истражувањето на Фишер Филипс претходно оваа година, покажа дека само 9 проценти од анкетираните над 700 работодавци рекле дека размислуваат да побараат вакцинирање од вработените.