Пожарникарите денеска, после 12 дена исцрпувачка борба со огнот, успеаја да го изгаснат  пожарот на бродот- контејнер во водите кај Шри Ланка.

Судот на капетанот и некои други службени лица од бродот им изрече забрана за патување.

Пожарот на „ MV X-Pres s Pearl“ постојано гореше од 20 мај, предизвикувајќи сериозни штети на бродот, што, според официјалните лица, е „стар само пет месеци“ и предизвика сериозно загадување во океанот и долж поголемиот дел од познатите плажи на островот, пренесуваат американските медиуми.Бродот се запали кога беше закотвен во главниот град Коломбо, чекајќи да влезе во пристаништето.Морнарицата верува дека пожарот бил предизвикан од хемикалија што била пренесувана со бродот, што пловеше под знамето на Сингапур.

На бродот имало 1.486 контејнери, вклучувајќи 25 тони азотна киселина и други хемикалии што на 15 мај биле натоварени на пристаништето Хазира, во Индија.Портпаролот на полицијата, Аџит Рохана, изјави дека полицијата го испрашала капетанот на бродот и службеник на локалниот агент на бродот и дека судот во Коломбо им забранил на капетанот, инженерот и помошникот инженер да ја напуштат земјата.Екипажот на бродот со 25 членови, беше евакуиран минатата недела по експлозијата, а меѓу нив има и државјани на Филипини, Кина, Индија и Русија.