Американските компании во мај создале повеќе од половина милион нови работни места, поточно 559.000, се вели во денеска објавениот извештај на Министерството за труд.
Тоа покажува дека вакцинацијата на населението ефектуираше во ослабување на пандемијата со што многу поголем број луѓе се вратиле на пазарот на трудот, а ова го поддржува економскиот развој на САД по рецесијата предизвикана од Ковид-19.
Така на пример, во април оваа бројка изнесуваше 266.000 нови работни места. Економистите прогнозираа многу поголема бројка за мај, но и оваа од 559.000 нови работни места посочува на намалена стапка на невработеност во земјата до 5,8 отсто, во споредба со онаа во април од 6,1 отсто.
Притоа, реалното ниво на невработеност се намалува со оглед на луѓето кои се сметаат „без работа но вработени“, односно тие се вработени но отсуствуваат од работа.
Подобрувањето во сферата на здравството и големиот буџетски стимул ја поддржуваат економијата на САД. Според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), досега целосно вакцинирани се барем 50 отсто од возрасните Американци.
Со ова, властите низ целата земја започнаа да ги укинуваат ограничувачките мерки за бизнисите поврзани со пандемијата, што речиси ја парализираше економијата лани во март и април кога епидемијата започна да се шири.
Сепак има и фактори кои го кочат натамошното намалување на невработеноста. На пазарот на трудот моментално се отворени 8,1 милион работни позиции.
Учениците во САД се уште посетуваат онлајн настава, па затоа многу родители се принудени да останат дома. И покрај тоа што вакцините се широко достапни, многу слоеви од населението не сакаат вакцинација, што според некои експерти е уште еден фактор, дел од Американците да немаат желба да се вратат на работа.
Субвенициите, односно неделните исплати за невработеност од 300 долари се исто така фактор кој го задржува растот на вработеноста.
Затоа, гувернери републиканци од 25 држави објавја дека од сабота ги прекинуваат овие субвениции финансиранис со пари од сојузната влада. Во овие држави живее 40 отсто од целото работоспособно население на САД. Исплатите за невработеност низ целата земја треба да завршат во септември, од кога се очекува и физичко враќање на учениците на настава и поголем број на вакцинирани, со што многу повеќе лица ќе се вратат на работа.