Фудбалерот за врска во македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, преку социјалните мрежи се заблагодари на сите кои му даваа поддршка изминатиот период кога беше во изолација поради позитивен тест на коронавирус.
– Благодарност до сите кои ми испративте пораки со поддршка овие денови. Се чувствувам одлично. Ќе се видиме на Европско во многу скоро време. Благодарам уште еднаш на сите, стои во пораката на Барди.
Тој веќе им се приклучи на своите соиграчи од националниот тим, а според најавите на селекторот Игор Ангеловски, големи се шансите да настапи уште на првиот натпревар на ЕУРО 2020, против Австрија на 13 јуни.