Изградбата на паркинг и улицата „Браќа Џаферови“ влегуваат во завршна фаза. Денес се асфалтираше и на оваа локација, а станува збор за
површина од 1100 м2.

Новиот паркинг простор ќе обезбеди 25 паркинг места, согласно проектот ќе има и улично осветлување, а изведена беше и атмосферска канализација.

Со ова Битола добива уште еден паркинг простор во центарот на градот.

Вкупната сума на средства кои што ги обезбеди општината од својот буџет изнесува 2.752.772 денари.

И на неколку други локации се работи на новите паркинг места во градот, што е заложба на општината за подобрување на состојбата со сообраќајот во централното градско подрачје.