Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дерманин го поврзува „развојот на екстремно насилните инциденти“ со „последиците од здравствената криза“, јави дописникот на МИА.

Дарманин во својата телеграма до која дојде „Ле Фигаро“ наведува дека „од почетокот на годината, ние сме сведоци на развој на екстремно насилни факти“, кои, уверувам, „веројатно се поврзани со последиците од здравствената криза од која нашата земја се опоравува“. Досега, оваа алармантна опсервација доаѓаше од теренот, но не беше официјализирана во министерска нота. Сега тоа е направено, на аргументиран и квантифициран начин.

Според документот, „анализата направена од централните служби на Министерството за внатрешни работи особено го истакнува зголемувањето за 20 отсто на инцидентите на семејно насилство (во првите пет месеци од 2021 година во споредба со оние од 2020 година)“ означено со „зголемување на бројот на сериозни дела на вонбрачно насилство (убиства и убиства во обид) “.

Исто така, оваа телеграма била упатена до генералните директори на полицијата, жандармеријата, но исто така и за внатрешната безбедност, така меѓу другото открива (..) „прогресија од 137 отсто (премин од 24 на 57 случаи, за истиот период) на интервенции од специјалните полициски сили за антитероризам против опасни лица“.

Нападите насочени кон јавните служби, на работ на колапс, се подвлечени и од Дарманин, кој е загрижен за „зголемувањето на насилството за 28 отсто против безбедносните, здравствените и спасувачките служби“.

Префектите в среда треба да му испратат на министерот своја „анализа“, изготвувајќи попис на овие акти на насилство во текот на првите пет месеци од годинава.