Аудио снимката од приведувањето на Стефан е доказ дека се работи за нарачка на Спасовски и Заев, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, кое го пренесуваме во целост:
Од фрапантната аудио снимка направена при апсењето на Стефан Калошев се слуша како полицискиот службеник го малтретира, тепа и пцуе.
Ваквиот однос на МВР на Спасовски со протестантите е доказ дека се работи за наредба и нарачка на Заев у Спасовски.
Кога полициските службеници беа прашани има ли основ за уапсењето, одговорот беше сигурно има, ова можеа да го слушнат сите од снимките кои беа емитувани во медиумите. Ова е доказ дека Заев и Спасовски ги ставиле во неблагодарна положба и полициските службеници кои морале да ги извршуваат нивните нарачки.
Тоа што МВР молчи е обид за стишување на скандалот.
Поднесена е претставка до Одделот за внатрешна контрола во МВР и очекуваме санкција и извинување.
ВМРО-ДПМНЕ не се плаши, а ниту народот се плаши.
4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ