Шефот на француската држава забележа значително зголемување на популарноста кај лицата од 18-24 години и кај оние над 65 години, но покажа пад од шест поени кај младите од 25-34 години, според испитувањето на Ифоп за Журнал ди Диманш, јави дописникот на МИА.
Популарноста на Емануел Макрон и Жан Кастекс е стабилна веќе еден месец, соодветно 40 и 38 отсто поволно мислење, се наведува во анкетата на Ифоп.
Макрон забележа значително зголемување на позитивното мислење кај лицата од 18-24 години (59 отсто, +осум поени за еден месец) и кај оние над 65 години (43 отсто, + пет поени), но покажа пад од шест поени кај 25 -34 годишници.
Четири години и еден месец по неговиот избор, Претседателот на Франција ужива поголема популарност од неговите претходници во истиот период на нивниот мандат: Франсоа Оланд имаше 14 отсто поволно мислење, а Никола Саркози 30 отсто.
Премиерот ЛКастекс, исто така, доживува подобрување на неговата популарност кај оние над 65 години (46 отсто, + четири поени).