Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ беше исклучен во четвртиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција против Феникс. Во третата четвртина, при резултат 75:83, Јокиќ го фаулираше Камерон Пејн, а судиите откако ја прегледаа тв снимката го казнија МВП на НБА

сезоната со исклучување поради неспортски фаул од втор степен.

Напуштајќи го теренот, српскиот кошаркар му се извини на Пејн.

Денвер го загуби натпреварот со 125:118 и без победа со четири порази е елиминиран во конференциското полуфинале.

Противник на Феникс санс во финалето на Истокот ќе биде поуспешниот од пресметката Јута џез – Лос Анџелес клиперс.