На територијата на град Скопје во акциски контроли во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкциja, девет за возење без возачка дозвола, 12 за управување под дејство на алкохол, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Изречени се десет санкции за користење мобилен телефон, 13 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, три за нерегистрирани возила, 65 санкции за непрописно паркирање, се вели во соопштението од МВР.
Од МВР информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.