Градоначалничката на Тетово Теута Арифи промовира тоалет за колективна нужда во објект во чија реконструкција учествувала и општината.

– Проекти реализирани преку проектот „Зајакнување на локалните совети“, поддржан од УНДП и СДЦ: реконструкција на „Младост“ во спортскиот центар; реконструкција на Младински центар кај поранешно Радио Тетово, каде општина Тетово ја кофинансираше изградбата на покривот на зградата, објави градоначалничката Арифи на официјалниот профил на Фејсбук.

Тетово можеби и ова лето пак мака да мачи со вода која ја има во изобилство на Шар Планина, не е решен проблемот со депониите и загадувањето на општината, како и многу други инфраструктурни проблеми, но барем во иднина младите кога ќе одат по голема нужда ќе може да се држат рака за рака.