Овен

Работа – Во првиот дел од септември потрудете се да се насочите кон некои проекти и работни задачи за кои сте сигурни дека ќе вродат со плод и ќе ви донесат профит. Ќе можете да го забрзате развојот на долгорочните проекти, под услов во изминатиот период да сте ги решиле заостанатите обврски. Ќе ви се даде можност за нова соработка.

Љубов – Ќе уживате во забавните активности со саканата личност на почетокот од септември. Помали несогласувања во врска со заедничките вложувања се можни во средината на месецот, но ќе успеете да најдете компромис. За слободните, обидот да почнете емотивна врска со личноста што ви се допаѓа нема да биде успешен.

Здравје – Ќе бидете во одлична форма.

Бик

Работа – Ако се занимавате со приватен бизнис, ќе имате одлична добивка. Ќе ви се даде можност да склопите договор со странски партнер, а тоа ќе ви донесе значајна добивка во трговијата. Ќе имате корист од бизнис-патувањата. Невработените бикови ќе бидат снаодливи во пронаоѓањето работа и ќе имаат успех.

Љубов – Засилените страсти и љубомората ќе внесат доста немири во вашата врска. Неопходен ви е компромис за да ги решите несогласувањата. Во втората половина на септември ќе успеете да го подобрите односот со саканата личност. Повеќе енергија ќе вложите во работата на заеднички цели, а тоа ќе ве зближи.

Здравје – Избегнувајте благо.

Близнаци

Работа – Со соработниците одлично ќе се разбирате и ќе бидете на иста бранова должина. Ќе имате корисни увиди во многу работи што претходно не сте ги согледале јасно и ќе забележите каде сте направиле пропусти, така што ќе имате доволно време да ги поправите. Тоа ќе ви донесе стабилна финансиска состојба.

Љубов – Помина долго време откако не сте се занимавале со заедничките хобија. Ќе откриете колку работи можат да се истражуваат и во што можете заедно да уживате. Вашиот партнер ќе биде поотворен на разговори на разни теми, а тоа ќе ви одговара. Втората половина на септември ќе ја искористите за поголема физичка активност, излети и користење на убавото време.

Здравје – Зајакнување на имунитетот и подобра физичка активност.

Рак

Работа – Ве очекува голем успех во бизнис-преговорите, во кои ќе имате неочекувана помош од еден соработник кој ќе ја обнови соработката со вас. Ќе склопите договор што ќе ви донесе долгорочна и стабилна корист. За да избегнете подоцнежни пречки и проблеми, внимателно проучете го целиот договор. Успешно ќе раководите со парите. Невработените ракови ќе успеат да се вработат во областа на комуникациите и сообраќајот.

Љубов – Овој месец ќе ви донесе повеќе разговори со саканата личност во врска со сериозните теми што ќе ве насочат на решавање на сето она што е приоритетно и на долг рок важно за вашата врска да биде стабилна. Ќе внесете повеќе забава, а тоа ќе придонесе до поголема стабилност.

Здравје – Ќе бидете многу физички активни.

Лав

Работа – Првиот дел од септември ви отвора можност што ја посакувавте одамна. Со оваа можност ќе постигнете заработка каква што не сте успеале да имате веќе подолг период. Вратите ќе ви ги отвори започнувањето на нов проект што внимателно и долго време сте го планирале. Ќе одржете низа успешни работни состаноци и презентации.

Љубов – Во првата половина на септември ќе бидете во можност да разговарате со партнерот повеќе отколку обично и да разрешите многу работи што ви пречеле во изминатиот период. Втората половина на септември ќе ви донесе несогласувања и конфликти во врска со заедничките цели. Ако сте слободни, искористете ги можностите што ќе ви се дадат во текот на септември.

Здравје – Повеќе одмор.

Девица

Работа – Ќе имате идеи како да реализирате подобра заработка, но ќе одлучите да ги држите во тајност за некој да не ви ги украде. Ќе добиете понуда која долго сте ја очекувале од странски партнер. Ќе имате некои несогласувања со бизнис-партнерите, но откако ќе ги разрешите, работната атмосфера ќе биде одлична.

Љубов – Бидете внимателни на почетокот од септември – вашиот партнер ќе се сомнева дека го изневерувате или дека му правите нешто зад грб. Доколку не го поправите вашето однесување и не постигнете компромис, ќе имате дополнителни компликации и несогласувања. Ако сте слободни, личноста што ви се допаѓа нема да реагира како што би сакале. Наместо да ја промените тактиката, ќе се повлечете и ќе бидете подготвени да се откажете.

Здравје – Можни се проблеми со забите. Посетете стоматолог.

Вага

Работа – Поволни шанси за подем во кариерата. Тајните планови што внимателно ги криевте од конкуренцијата успешно ќе ги реализирате. Вашите идеи ќе ви донесат долгорочна и стабилна корист, како и можност за подобрување на заработката. Чувајте се од кражба на важни податоци во врска со вашата работа и вашите планови.

Љубов – Засилени страсти што ќе предизвикаат конфликтни ситуации во односите со партнерот. Може да дојде до љубоморни сцени. Потребна ви е поголема забава за да ги надминете напнатоста и несогласувањата. Другата половина на септември ќе ви донесе поголема динамика, а тоа ќе ви годи и вам и на вашиот партнер. Ќе бидете повеќе посветени на семејството и тоа ќе внесе стабилност во односите со саканата личност.

Здравје – Направете крвна слика за да откриете што може да го предизвикува засиленото чувство на замор.

Скорпија

Работа – На почетокот од месецот ќе ја заклучите работата чии детали ги држите во тајност. Ќе откриете кој ви создавал проблеми и ќе успеете да го надмудрите. Ќе успеете да ги завршите преговорите со еден бизнис-партнер и да ја обновите соработката со него, а тоа ќе ви овозможи стабилна работа и неочекувана добивка.

Љубов – Ќе ги подобрите комуникациите, ќе започнете да планирате заеднички активности и повеќе ќе се дружите со заедничките пријатели. За оние што се слободни, забавата ќе ве привлекува повеќе од влегувањето во емотивна врска. Ќе ви даде можност да влезете во авантура со личност со авантуристичен дух.

Здравје – Јадете повеќе мали оброци дневно.

Стрелец

Работа – Соработка со странски партнер. По долго време застој, ќе успеете да почнете да нудите нов вид услуги, а тоа ќе ви донесе голема заработка. Иако ќе ви биде потребно подолго време да го разработите бизнисот, на долгорочен план ќе ви донесе стабилна заработка.

Љубов – Повеќе заеднички активности со партнерот во кои и двајцата ќе уживате. Ќе имате идеја како да го уредите вашиот животен простор. Ќе водите пријатни разговори за разни теми. Ако сте слободни, потребен ви е некој што ќе умее да ве размрда, некој со кој би имале динамична врска, многу заеднички активности и авантури.

Здравје – Повеќе одмор и помалку стрес.

Јарец

Работа – Ќе бидете во можност да заклучите важни бизниси и да соберете средства што ви се потребни за планираното да го спроведете во дело. Ќе ви се даде можност за соработка со која можете да реализирате вистински напредок, но и да ја реализирате долгорочната цел. Вашиот раководител не е многу задоволен од вас, но тоа не значи дека треба да се откажете.

Љубов – Искористете го септември за да реализирате барем една заедничка цел што ја имате во договор со партнерот. Ќе имате погодни активности, а и двајцата ќе бидете мотивирани. Ќе ви одговараат вечерните излегувања и забавата. Ќе се насочите на подобрување на куќната и семејната атмосфера.

Здравје – Потребна ви е физичка активност.

Водолија

Работа – Вашата финансиска состојба не е на завидно ниво, па треба да се потрудите да се докажете пред шефот. Некои зли јазици на работното место го уништуваат сиот труд што сте го вложиле. Внимавајте да не дојдете во конфликт и со надредените и со колегите.

Љубов – Ќе се соочите со тешкотии во односите со саканата личност. Ќе имате несогласувања со партнерот околу заедничките вложувања. Кон крајот на септември ќе се врати довербата помеѓу вас и вашата сакана личност. Ќе успеете да ги решите проблемите и да се зближите. Без оглед на тоа, ќе ви биде потребно доста трпение и време за вашата врска да ја доведете во претходната состојба.

Здравје – Воспаление на грлото.

Риби

Работа – Ќе имате обрт на пари, па ќе може да почнете нови проекти. Ќе ги продолжите преговорите што во претходниот период бевте принудени да ги одложите и кои ќе се одолжат повеќе отколку што очекувавте. Ќе воспоставите стабилна соработка и ќе можете да се потпрете на долгогодишните соработници.

Љубов – Вашиот партнер крие нешто, а вие се сомневате веќе подолго време. Ќе ги откриете неговите тајни и нема да ви се допаднат. Тоа ќе доведе до оддалечување и меѓусебно обвинување. Вие ќе го обвинувате партнерот за неверство, а тој ќе ви врати така што ќе ве обвинува за неискреност.

Здравје – Не изложувајте се на стрес.