Шпанската Влада денеска соопшти дека го одобрила помилувањето на деветтемина каталонски сепаратисти осудени на затворски казни како гест на помирување по обидот за сецесија на Каталонија во 2017 година.
Дванаесет сепаратистички каталонски лидери беа осудени за бунт и други дела против уставниот поредок, од кои деветмина добија повеќегодишни затворски казни за организирање на забранет референдум за независност на Каталонија и прогласување отцепување во октомври 2017 година. Тројца беа осудени на парични казни.
Датумот на ослободување на деветте активисти од затворот сè уште не е утврден, но според медиумите, се очекува тоа да набрзо.
Поранешниот потпретседател на Каталонија, Ориол Жункерас, кој доби најтешка казна од 13 години затвор во 2019 година за бунт и злоупотреба на јавни средства, ќе биде ослободен заедно со неговите соработници откако помина три и пол години во затвор.
Помилуваните нема да можат да обавуваат јавна функција. Шпанската Влада соопшти дека помилувањата ќе бидат повлечени ако тие повторно се обидат да покренат отцепување на Каталонија.
Шпанскиот премиер Педро Санчез вчера во Барселона го најави помилувањето на каталонските сепратисти, истакнувајќи дека е потребно „помирување“ во Каталонија, каде општеството е длабоко поделено помеѓу приврзаниците и противниците на независноста по кризата од 2017 година