Рон ЏОНСОН, американски сенатор, Републиканска партија

Би сакал да истакнам дека доказите за потенцијалното креирање иа  корона вирусот во кинеската лабораторија и неговото истекување од лабораторијата се криени со месеци.

Знаете дека нашата федерална агенција чиј директор е Антони Фаучи (Националниот институт за здравство на САД, н.з.) го финансирала овиј вид истражувања со години (истражувања со кои се зголемува вирулентноста на еден природен вирус, можноста тој да се пренесува меѓу луѓе и смртноста што тој ја предизвикува, н.з.). Сето тоа било криено од нас со месеци.

Срамота е за медиумите, срамота е за социјалните медиуми што го игнорираа ова.

Резултатот од тоа 18-месечно молчење за целосно истражување на вистинското потекло на корона вирусот е дека сега веќе никогаш нема да дојдеме до вистината зашто Кина имаше 18 месеци да ги уништи доказите.

Но, нема сомнеж, Кина е виновна. Тие знаеја дека го имаат смртносниот тип корона вирус во Вухан, тие не дозволија летови од Вухан до други делови на Кина, но затоа не ги забранија летовите од Вухан кон остатокот од светот и дозволија вирусот да се прошири низ целиот свет.

Кина е виновна, но нам ни треба разговор за однесување и одговорноста на медиумите и социјалните медиуми. Ова не е единствената област во која тие ја потиснуваат вистината. Листата на лажни наративи, лажни приказни промовирани од медиумите е долга, а тие лажни приказни никогаш не беа повлечени.

Но, кога станува збор за Ковид, јас имам лично искуство со цензура и притисок што не чинеше десетици илјадници американски животи… Советите на Националниот институт беа одете дома, бидете уплашени и ако случајно се разболите, пријавете се во болница, можеби ќе можеме да ви го спасиме животот.

Одржавав две сослушувања за раниот третман на Ковид со д-р Питер Меколик кој постави четири столбови како одговор на пандемијата: прво, да се спречи ширењето – Кина е виновна што не го стори тоа, второ, раниот третман на болните, а се работи за тоа како ја применуваме медицината и за другите состојби – рано откривање и итен ран треман, потоа болнички третман и конечно вакцина. Зошто Националната агенција, зошто Антони Фаучи, зшто мејнстрим медиумите го потиснаа и цензурираа ова?

Многу лекари имаа храброст да ги лечат пациентите во раниот стадиум со евтини лекови… има многу докази, но за тоа не беше објавувано во медиумите. Мексико има голем успех со ивермектин, некои провинции во Индија имаат исто така голем успех со ивермектин, но каде се извештатите за тоа? Има студии кои покажуваат дека 50 до 85 отсто животи можеа да бидат спасени. Пренесете го тој процент на 600 000 Американци кои умреа од Ковид 19. Поради тоа верувам дека медиумите никогаш нема да го признаат нивното соучесништво и никогаш нема да признаат дека згрешиле.

Но, не е премногу доцна. Други животи може да бидат спасени. Нам се уште ни треба раниот третман, независно од тоа колку се ефикасни вакцините. Други луѓе ќе бидат заразени и затоа ве преколнувам, ги молам медиумите, посветете внимание на луѓе како д-р Кори, д-р Меколик, на другите лекари кои имаат храброст да го лекуваат пацинетите… Не е премногу доцна.