Советот на Европската унија денеска донесе одлука за воведување економски санкции против Белорусија, што ќе влијаат врз нафтениот сектор, како и на производството на калиум хлорид, пренесуваат агенциите.
„Советот на ЕУ денеска воведе нови рестриктивни мерки против белорускиот режим како одговор на сериозните повреди на човековите права“, се наведува во соопштението.
Новите санкции се насочени на трговијата со белоруски нафтени производи, калиум, како и опрема, технологија и софтверски програми. Се потенцира дека на овој начин со санкции на ЕУ ќе бидат опфатени 166 физички и 15 правни лица во Белорусија.