Сликата на Пабло Пикасо која е украдена пред пет години за време на кражба на галерија во Атина е најдена во предградие на грчкиот главен град, јавува Би-Би-Си.
Атинската полиција соопшти дека сликата „Глава на жена“ е пронајдена заедно со слика на холандскиот автор Мондријан на која е прикажана воденица од 1905 година.
Двете слики беа украдени заедно за време на кражба во 2012 година од атинската национална галерија која траела само неколку минути.
Ројтерс јавува дека уапсен е Грк откако сликата била пронајдена скриена во предградие на Атина. Полицијата претходно соопшти дека верува оти сликата е се уште во земјата.