Пејачката Аријана Гранде најави дека, во соработка со „BetterHelp“, ќе сподели милион долари во цели за психолошка терапија.

Таа изјави дека е возбудена што соработува со споменатата компанија. Пејачката смета дека психолошката терапија не треба да биде привилегија што ја имаат само некои луѓе, туку дека мора да биде достапна за секого.

Аријана Гранде сфаќа дека ова не е долгорочно решение за проблемот, но сепак сака да го стори ова за да ги охрабри луѓето да разберат дека не е срамота да побараат помош.

“Се надевам дека ќе ја искористите оваа можност и ќе ја посетите страница што ќе ве поврзе со овластен психолог за еден месец. После тоа, ќе имате можност да ја обновите претплатата и да продолжите со терапијата. Се надевам дека ова ќе биде корисен почеток и дека ќе направите простор за ова во вашиот живот. Заздравувањето не е лесно, но вреди да се вложи труд и време. Му благодарам на „BetterHelp“ и едвај чекам да направиме повеќе работи заедно“, напиша таа.

„BetterHelp“ е портал кој им овозможува на посетителите директен пристап до услугите за ментално здравје. Овозможува психолошка терапија преку Интернет, телефонски повици или пораки.