Андон ЧИБИШЕВ

Погрешна и крајно штетна одлука на Владата, веројатно инспирирана со препорака од Комисијата за заразни болести, да се дозволат свадби во затворен простор.

Во целиот свет се повеќе држави ги враќаат мерките за изолација и затворање заради брзото ширење на делта сојот на корона вирусот или т.н индиски сој за кој информациите говорат дека е многу заразен и предизвикува многу тешка болест кај инфицираните.

Покрај отворените граници, без никакви мерки на заштита, со оваа одлука Владата ризикува за кратко време откако ќе се појави делта сојот и кај нас да влеземе повторно во „хорор состојбата“ во која бевме до пред неколку месеци.

Тешко ќе го преживееме овој евентуален четврти бран, здравството и здравствените работници се крајно истрошени и исцрпени и ова ќе има катастрофални последици.