Најмалку 43 мигранти се удавија крај бреговите на Тунис, додека се обидувале да го преминат Медитеранот од Либија до Италија.

Организацијата на Црвената полумесечина денеска соопшти дека 84 лица се спасени.

Бродот превезувал мигранти од Египет, Судан, Еритреја и Бангладеш, соопшти хуманитарната организација.

Од почетокот на годинава речиси 19.800 мигранти пристигнаа во Италија, една од главните дестинации за мигранти во Европа.