Прашање на време е кога индискиот делта-вирус ќе се прелее кај нас, вели академикот Драган Даниловски.
-Тоа нема да биде пред есен, тогаш ќе залади и ќе почнат дружбите на затворено. Не верувам дека ќе има силен бран, изјави Даниловски на Канал 5.
За да се намали ризикот од ширење на новиот сој на ковид-19 Даниловски предлага кон крајот на летото да се воведат рестрикции на границите, како задолжителен ПЦР-тест на границите за влез во земјава.
„Добро би било да се воведат бариери на границите, да речеме ПЦР-тестови за сите што влегуваат преку граница во земјава особено кон крајот на летото, кога ќе почнат да се враќаат од одмори. Втора линија на одбрана би требало да биде ригорозна епидемиолошка обработка за секој нов случај….Мислам дека со малку среќа и ако го интензивираме темпото на вакцинација и ако се зголеми интересот веројатно имаме шанса да дојдеме до колективен имунитет од 80-85 отсто, затоа што тој е прагот на колективен имунитет при кој што епидемиско ширење кај овој тип на вирус би било невозможно“,
вели Даниловски.