22-годишно момче од Македонија загинало во сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 06:30 часот на Халкидики, објави грчкиот портал „Halkidikinews“
Порталот пишува дека уште едно 21-годишно момче, негов сопатник, е повредено во сообраќајната несреќа која се случила на патот Полихроно – Ханиоти, и било пренесено во болница.
Момчето изгубило контрола над неговото возило кое, од се уште неразјаснети причини, излетало од патот и се превртело, пренесе ТВ21.