Сопругата на принцот Вилијам, Кејт се изолираше поради контакт со инфициран со коронавирус, објавија светските новински агенции. Таа ги откажа сите планирани обврски.
„Минатата недела војвотката од Кембриџ разговараше со човек кој подоцна беше позитивен на КОВИД-19“, изјави портпаролот на палатата Кенсингтон.
Кејт Мидлтон досега не покажала никакви симптоми, но ги следи наредбите на здравствените власти и се изолира. Таа мора да остане во карантин 10 дена.
Војвотката од Кембриџ минатата недела учествуваше на неколку настани, во петокот присуствуваше на тенискиот турнир Вимблдон.
Денеска, заедно со нејзиниот сопруг принцот Вилијам, таа требаше да присуствува на церемонијата по повод 73-годишнината од формирањето на британската национална здравствена служба.
Принцот Вилијам не е во изолација. Тој го прележа КОВИД-19 во април. Кејт и Вилијам беа вакцинирани со првата доза на коронавирус во мај.