Два брзи воза воза се судрија денеска во Шпанија, поради што е во прекин железничкиот сообраќај на линијата што ги поврзува Мадрид со регионот Андалузија.
„Сообраќајот на линијата за брзи возови Мадрид-Андалузија е прекинат поради судир на два воза“, објавија шпанските железници на X.
Шпанскиот весник Ел Паис објави за голем број повредени и дека екипите за итни случаи се на терен.
Истиот весник наведува дека два вагона излетале од шините. Според Ел Паис, несреќата се случила кратко по 9 часот наутро по локално време.
Судирот се случил на делот помеѓу Лос Јебенес и Урда во покраината Толедо.




