Актуелниот градоначалник на Општина Бутел на својот Фејсбук профил објави дека повторно ќе се кандидира за градоначалник на Општина Бутел.
„Денес ја поднесов мојата кандидатура за градоначалник на општина Бутел.
Благодарност до сите членови на СДСМ Бутел за поддршката што ми ја дадовте да бидам единствен предложен кандидат на СДСМ Бутел за градоначалник на Општина Бутел“, напиша Смилевски.
И градоначалничката на Битола, Наташа Петровска сака втор градоначалнички мандат, па во емисијата „Директно“ на ТВ Тера ја јави кандидатурата.