Додека овде во Македонија, многумина кои не спаѓаа во платениците и шарените револуционери, меѓу кои платеници има и многу со германски и ЕУ пари, беа сигурни дека ако попуштиме со Грција, следна на ред со која ќе имаме истоветни проблеми е Бугарија, германската канцеларка Меркел тврди дека не можеле да го предвидат ветото од Бугарија.

Не можевме да предвидиме дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговори на … Македонија со ЕУ, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со лидерите од Западниот Балкан во рамките на Берлиснкиот процес, а на кој учествуваа и земјите членки на ЕУ – Франција, Австрија, Грција, Хрватска, Словенија, Италија, Бугарија, како и претставници на Унијата, а на кој домаќин беше Германија. Темата Македонија – Бугарија, како и релациите Србија – Косово биле само едни од темите за кои се разговарало на осмиот состанок на Берлинскиот, кој генерално е посветен на регионалната соработка во делот на економијата и инфраструктурата. Притоа генералната оцена на Меркел денеска беше дека во последните 7 години Берлински процес ги забрзал промените во регионот, но и дека има уште да работи во делот на реформите, пред се во борбата против корупцијата.

Меѓу тешкотиите со кои во моментов се соочува регионот Меркел наведе три работи: спорот меѓу Србија и Косово, состојбата во Босна и Херцеговина, како и спорот меѓу Бугарија и Македонија.

Некои тешкотии не можете да ги предвидите. Долго гледавме како … Македонија и Грција преговараа за името. Откако се реши спорот, … Македонија стана членка на НАТО, но одеднаш Бугарија го блокираше почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Иднината на регионот е во ЕУ и тоа, не е интерес само на земјите од Западниот Балкан туку и на самата ЕУ, истакна Меркел.