Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе тужби против Твитер, Фејсбук и Алфабет Гугл, и нивните директори, наведувајќи дека ги замолчуваат конзервативните ставови.

Трамп рече дека ги поднел тужбите до федералниот суд во Флорида.

Тој додаде дека со овие тужби ќе бара обештетување и реституција.

Поранешниот претседател на САД ја изгуби можноста да се обраќа преку социјалните мрежи претходно оваа година, откако упорно тврдеше дека неговиот пораз на изборите е резултат на масовна измама и фалсификат.

Неговото тврдење беше одбиено од повеќе судови, како и од службеници на изборната комисија и членови на неговата администрација.