Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со Нант го освои третото место на Трофејот на шампионите, откако денеска во малото финале го победија ПСЖ чиј тренер е македонскиот селектор Раул Гонзалес.

Натпреварот беше решен по маратонска серија од седмерци со конечен резултат 46:45.

Во регуларното време резултатот беше 34:34.

Македонскиот репрезентативец средбата ја заврши со осум погодоци вклучувајќи ги и головите од пенал-серијата.

За трофејот ќе играат Сант Рафаел и Монпеље.