„Она што ме импресионира и она што го гледам дека се случува е дека навистина ќе има ВМРО-ДПМНЕ одлична понуда со навистина нови докажани и препознаени лица во општините во кои што ќе бидат кандидирани за носители на градоначалничката функција, советите итн“, истакна Оливер Шамбевски, поранешен амбасадор во дневникот на Сител телевизија.
Шамбевски додаде дека ќе биде доста пријатно изненадување за граѓаните на Република Македонија.
„Мислам дека кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат пријатно изненадување“, изјави Шамбевски.
Што се однесува до Резолуцијата за црвените лини на Макеоднија, тој изјави дека го изненадува колебливоста на СДСМ да ја прифати.
-Она што мене ме чуди зошто СДСМ избегнува да ја прифати се две можности. Прва работа или преговараат за маркерите кои го дефинираат идентитетот, ставено е на маса па го избегнуваат текстот на резолуцијата, или пак се обидуваат и натаму да направат раздор во македонското ткиво и максимално поларизирање. Од нивното доаѓање па се денеска македонското општество никогаш не било пополаризирано. Ако не ја прифатат резолуцијата, тогаш им паѓа во вода дека опозицијата е кочничар. Ова е подадена рака, рече Шамбевски.
Тој истакна дека резолуцијата која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ е добро структуиран документ чија единствена цел е да го обедини општеството околу маркерите на идентитетот на овој народ, на оваа држава.
-Резолуцијата која ја поднесе опозицијата ако ја погледнете како документ ќе видите дека самата резолуција е многу внимателна по тоа да не предизвика дополнителни поделби внатре во Македонија, но и да ги дефинира клучните позиции од кои што како општество и институции не би смееле да отстапуваме. Точно е дека ги дефинира црвените линии кои понатаму никој не смее да ги помине. Многу е важно да се каже дека оваа резолуција е производ на сомнежот на народот дека идентитетот е загрозен, потенцира Шамбевски.
Шамбевски посочи дека текстот не остава простор за поделба, туку ги дефинира маркерите врз кои треба да се базира нашата надворешна политика и да не се премине преку нив во преговорите со Бугарија.