Спортски коментатор на грчката државна телевизија ЕРТ денеска доби отказ, откако за време на директниот пренос од олимпискиот турнир во пинг-понг на Игрите во Токио со расистички коментари го проследи настапот на јужнокорејскиот репрезентативец.
Скандалот го предизвика угледниот грчки новинар Димостенис Кармирис, кој за време на дуелот меѓу јужнокорејскиот пингпонгар Јеоунг Јанг-сик и грчкиот репрезентативец Панајотис Гионис рече оти „не разбира како Кореецот го гледа топчето, бидејќи очите му се ситни“.
– На јавниот сервис нема место за расистички коментари. Соработката меѓу ЕРТ и Димостенис Кармирис е прекината денеска, веднаш по утринскиот пренос, соопшти грчкиот јавен радиодифузен сервис