ЗАЕВ ВО КОЧАНИ: Утре ќе почнеме постапка за сервисирање на канадерите, а хеликоптерите не ни летаат ноќе!

/ 02.08.2021

Две куќи се изгорени , но за среќа се успеа да се спречи ширењето кон централното градско подрачје, рече градоначалникот Илијев , кој додаде дека од сите околни општини и од градот Скопје пристигнала помош. Граѓаните на Кочани треба да бидат спокојни вели Илијев.

Сите противпожарни единици и Армијата се тука и помогнаа во гаснењето на овој страшен пожар, рече Илијев.

Премиерот Заев додаде дека е важно што сме сите заедно, што се дејствува координирано. Тој рече дека министерот за ванатрешни работи Спасовски и вицепремиерот Николовски се во Ранковце, каде што исто така има пожари.

Веќе утре ќе покренеме постапка за да заврши сервисирањето на канадерите. Двата хеликоптери ни се на располагање, но не смеат да летаат во ноќни услови поради безбесдносни причини, рече премиерот Заев. Тој во Кочани пристигна со министерот Венко Филипче. Тој рече дека петмина се задржани во болницата во Кочани поради вдишување чад.

Дирекотор на ЦУК, Стојанче Ангелов, појасни дека еден од хеликоптерите гасел во Старо Нагоричани, ама не смеел да лета кога температурата на воздухот се искачила на 40 степени, па се приземјил. Потоа, повторно полетал кон истата локација, по што веќе немал гориво за да лета кон Кочани, а немало ни време, зашто паднала ноќ.


Од истата категорија