Зоран Заев вечерва информираше за помошта која ќе ја добие градот Кочани по катастрофалниот пожар што го зафати пределот на овој град во попладневните часови.

Како што истакна Заев, остварил контакт со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и било ветено дека нашиот северен сосед ќе испрати хеликоптери за целосно локализирање на пожарите во источниот предел на Македонија.