За среќа, нема човечки жртви во пожарокот во Кочанско кој ги зафат и куќите. Но, лекарска помош побарале околу 10 лица. Дел од нив биле подобро и пуштени се дома, а 5 се задржани во болница. Еден од нив бил пожарникар.

Директорот на болницата во Кочани, Александар Серафмов, за ТВ 24 вели дека задржаните пее лица добиваат соодветна терапија и се надвор од животна опасност. Дополнително појасни дека болничките екипи се излезени на терен и дека ќе останат будни во случај на дополнителна потреба.

-Тимот е подготвен да понуди лекарска помош и очекува доколку продолжи пожарот, да има дополнителни јавувања за помош, изјави Серафимов.

Огнот уште не е целосно изгаснат, но како што велат градоначалниците на Кочани и Скопје, истиот е ставен под контрола.

Вечерва сите во таа околина ќе останат будни и внимателни. Пожарникарите ќе бидат таму да спречат ново проширување, а утре очекуваат и помош за справување со состојбата.