Вечерва на предлог на Генералштабот на армијата, а по анализа на состојбите наредив да се прогласи тревога на целокупниот состав на Армијата за справување со елементарни непогоди, информира претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

-Ова е донесено со цел да може во координирана акција со сите институции целокупниот состав на Армијата да се стави на располагање за справување со пожарите на територијата на државата. Наредбата стапува на сила веднаш, мобилизација на Армијата е во тек, пишува Пендаровски на Фејсбук.