Пожарот во кругот на ОХИС е локализиран, потврдил заменик командирот на противпожарната единица која се справуваше со огнот.
Еден од пожарникарите бил однесен на Клиниката за токсикологија кому му се слошило од вдишан чад.
Противпожарните екипи остануваат кај управната зграда, бидејќи огнот во неа бил посилен.
Оган горел и врз депонијата со линдан, но се претпоставува дека тоа не предизвикало активирање на опасната хемикалија бидејќи е подлабоко закопана.
Информацијата ја потврдил и градоначалникот на Кисела Вода, Темелковски.
Дека нема опасност од труење на воздухот потврдуваат од Државниот инспекторат за животна средина.