Угостителскиот објект за свадби “Рагуза” кој што се наоѓа во центарот на Скопје беше зафатен од пожар. Објектот е во Катната гаража „26 Јули“ кај Старата железничка станица, а се случил вечерва избувнал за време на свадба во ресторанот „Рагуза“. Како што велат очевидци огнот најверојатно избувнал од кујната и свадбата веднаш била прекината.

Според порталот Курир, пожарот не избувнал во кујната, туку во магацинот.

Во моментов булеварот е затворен и огнот го гаснат седум противпожарни возила.

ПОСЛЕДНА вест е дека пожарот е изгаснат.

Противпожарната единица пристигна на лице место и по нивната интервенција пожарот е изгаснат, а според првичните информации причинета е само материјална штета.