Христијан МИЦКОСКИ
ШОКАНТНО!
Министер во Владата на СДСМ/ДУИ се стави над Уставот, ме укори и како Луј 14 рече: државата тоа сум јас…, пардон, тоа сме ние, мислејќи на СДСМ и некои други завршени апсолутистички времиња.
СРАМНО
Хоби како планинарењето го поистовети со уставно загарантираното право на секој граѓанин, а тоа е правото на живот и правото на избор.
Мој став
Лично сум, и ги охрабрувам граѓаните да се вакцинираат, но истовремено, бидејќи сум легалист го почитувам уставното право на секој граѓанин да избере дали ќе се вакцинира или нема да се вакцинира. Силно ги осудувам најновите квази мерки на министерот и Владата со кои во овие сложени здравствени, политички и економски моменти се делат граѓаните. Доколку наместо по провизии и сомнителни посредници, трговци со јужно овошје од Хонг Конг навреме набавевте вакцини со висок квалитет и степен на успешност, денес немаше да бидеме повторно на врвот на листата на држави со најголема прогресија на вирусот. Жалам што ќе мора уште кратко да трае оваа агонија за граѓаните со Вас како Влада, а уште повеќе жалам што како доктор здравјето на граѓаните го споредивте со хоби како што е планинарењето.