Д-р Весна ЈАНЕВСКА

Емисија: “Жешко политичко лето“.
Гостин: Артан Груби
Во емисијата партијата Левица поставува прашање и го прашува Груби која е неговата улога при трговија со човечки органи во жолтата куќа во Косово.
Прашањето е провокативно и обвинувачко, вистина е, но не е ни прво ни последно такво, кое им се поставува на политичари.
Груби одговара: “Нека дојдат групно или поединечно, како сакаат да им ДЕМОНСТРИРАМ ЛИЧНО на состанок ….“
Искрен крик на личноста и карактерот на гостинот, евидентно. Препотенција, ароганција, грубост, закана, некултура,…..

Веројатно им е наменето на оние кои при ваков тип на изјави чувствуваат лажна моќ и надмоќ, некаков тип на супериорност без никаква основа, луѓе без чувство не само за демократија и слобода на говор, туку и на хуманост, воопшто. Да, има такви луѓе и повеќето ќе помислат дека Груби веројатно ним им се обраќа, но така ли е? Тој беше на национална телевизија и ни се обраќаше на сите, па од тука најверојатно ваквиот одговор е дел како на неговиот карактер, така и на образец на изразување на неговите чувства, затоа што да беше поинаку тој имаше безброј други можности за умерен, смирувачки и коректен одговор.

Впрочем, тој е политичар и прв потпретседател во земја од чии граѓани прима плата и тоа од оние кои плаќаат данок и струја и други давачки и обезбедуваат плати за оние кои живеат и работат во странство. Е, кон овие граѓани Артан Груби е должен да покаже почит, дури и кога му поставуваат незгодни прашања, кои и да се и од каде и да се од оваа земја.

На новинарката, чие име не го знам, и препорачувам да си ја искине дипломата, а таа лично да се потури со пепел, зато што да беше новинарка, ќе го прашаше како тоа тој лично ќе демонстрира и што тоа лично ќе демонстрира?
#КутраМакедонија
#НовинарствоНаВисокоНиво
#ПолитичариНаНајвисокоНиво