Осудени сме уште пред да влеземе во судница. Со ова тврдење бизнисменот Орце Камчев на денешното судење за „Плацови на Водно“ негираше дека е виновен за она што му се става на товар од обвинителниот акт. Тој смета дека обвинувањата се лажни, а со доказите кои ги предложила обвинителката Лиле Стефанова се манипулира пред судот.

Сашо Мијалков, кој исто така е обвинет во овој случај, истакнал дека апсолутно е невин, а разбира за што е обвинет. И Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ и Ратка Димитрова ги повториле истите зборови.

Орце Камчев смета дека е во притвор поради пријавувањето на случајот „Рекет“, бидејќи по него, пропадна и Специјалното јавно обвинителство. Нему не му е јасно ниту зошто не е направено финансиско вештачење. За земјиштето на Водно, поради кое сега е на обвинителна клупа, Камчев кажа дека било планирано да се гради болница, но откако планот пропаднал, земјиштето било продадено за профит.

На второто рочиште, Камчев пред судот потенцирале дека од судницата ќе излезе со чист образ, со што ќе докаже дека не е криминалец. За предметот „Плацови на Водно“, тој е во притвор речиси половина година. Обвинителството смета дека тој може да избега, поради тоа што има имот и фирми во странство, но и бугарско државјанство и место за престој. Дополнително, доказ беше и белешката од АНБ според која тој имал средба со странци, што според нив, спремал договор за бегство.

Камчев во изминативе месеци се жалеше на влошена здравствена состојба и негрижа за неговото здравје во затворот. За ова известуваа неговите адвокати. Од затворот „Скопје”, ги негираа обвинувањата.