Кинеските власти се подготвени за дијалог со новата авганистанска Влада на талибанците, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Вaнбин.
– Подготвени сме да одржуваме дијалог со раководството на новата авганистанска Влада, рече тој на брифинг.
Кинеските власти се надеваат дека Владата формирана од талибанците во Авганистан ќе биде толерантна и ќе им се спротивстави на терористите.
– Се надеваме дека привремената влада во Авганистан ќе биде толерантна и ќе се спротивстави на тероризмот, рече Ванбин.