Во однос на тоа дали е вистина дека во болницата имало и роднини, пријатели на пациентите, Филипче вели дека според досегашните информации во моментот на избувнување на пожарот имало две лица кои биле во посета.Според информациите во медиумите, една девојка загинала со нејзината мајка.
„Во принцип, посетите во ковид одделенијата се забранети. Но, со сертификати за вакцинација биле пуштани лица да ги посетат болните. Посета има практично секогаш. И од лично искуство знам дека тоа тешко може да се изменаџира. Но, и за ова се прави истрага од инспекторите на Државниот санитарен здравствен инспекторат“, изјави Филипче.
„Има многу шпекулации за тоа кој загинал и затоа се прави и ДНК анализа на сите загинати лица за да бидеме прецизни. Има повеќе претпоставки за причината на пожарот, но да ги почекаме официјалните резултати на истрагата. Модуларните болници беа изградени според сите предвидени високи стандарди. Целосно се предадени во употреба според сите пропишани процедури. Истрагата ќе ги даде одговорите на многу прашања“, рече Филипче.
Филипче беше прашан и за тоа зошто зборува за посети, кога овде станувало збор за лица кои по цел ден ги придружувале болните и за тоа како тие лица потоа се движат јавно, но на тоа не даде прецизен одговор