Украина и неколку земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и САД, денеска почнаа заеднички воени вежби на запад во поранешната советска република, во контекст на постојани тензии со соседна Русија.

Околу 6.000 војници од 12 земји учествуваат на годишните маневри организирани од Киев и Вашингтон, што ќе траат до 1 октомври, соопшти американската амбасада во Украина.

Вежбите треба да ја зајакнат „компатибилноста на војниците и седиштето на украинските и американските вооружени сили и партнерите во НАТО“, рече украинскиот генерал Владислав Клотчков. Вежбите почнаа десетина дена по почетокот на руско-белоруските воени маневри во кои учествуваат 200.000 војници.