Наташа КОТЛАР

НЕУКА, суртучка, безобразна е денешната изјава, дека „ќе се интервенира во учебниците онаму каде што пишува бугарски фашистички окупатор“! Учебниците треба (а, така е насекаде), да се пишуваат врз основа на научните сознанија и принципи, а не според желбите на еден премиер, претседател или владетел за „пријателски дух“. Ове е фалсификуваме на некогашната сегашност – минатото, на еден народ. Напротив, во Европа и во светот, фашистичката власт или окупација има и етничка определба. Така, во учебниците стои формулацијата – германски фашистички окупатор (Полска, Словенија и др.), јапонскиот фашистички окупатор (Кина) итн. И во историјата на македонскиот народ е коректно напишано дека во периодот од 1941 г. до крајот на 1944 г., тој се борел против – германскиот, италијанскиот и бугарскиот фашистички окупатор и против албанската колаборациска фашистичка власт. Ова го има во документацијата на антифашистичката борба на македонскиот народ и во документите на АСНОМ. Историјата на македонскиот народ не може да биде желботека на неписмените (ѓоа)политичари и мегдан за фалсификување! Недостоинствено, ненаучно и срамно!