Црногорската Управа за царини и приходи засега не ја интересира фамозното објаснување на Спасовски и нашето МВР дека дрогата најдена во службениот автомобил со кој двајца македонски полицајци патувале и сакале да влезат од Албанија во Црна Гора, наводно била заборавена во 2016 година откако би изведена акција.
Како што можете да видите, Црногорците велат дека „успешно спречиле обид за криумчарење на дрога“. И тука се чини завршува приказната.
Во врскка со ова на ФБ се јави и екс министерот за внатрешни работи Наќе Чулев:
„Кој е виновен за новиот меѓународен скандал со запленето поголемо количество дрога во службено возило на МВР?!
Повторно ли Наќе е крив?“ се подбива Чулев со неговиот наследник и претходник Оливер Спасовски.
Засега не е јасна илустрацијата со која црногорската слуѓба ја проследува инфрмацијата. Оваа илустрација не е од марихуана, но под неа не пишува дека станува збор за архивска фотографија, што наметнува забуна.