СДСМ не работи во корист на граѓаните. СДСМ продолжува да манипулира со граѓаните, се истакнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение од СДСМ за тоа дека „опозицијата ги кочи во реализацијата на новните проекти“.
– Пратениците на СДСМ ги интересира само да им помине законот за марихуана на Заев за да му врви бизнисот на неговиот брат Вице. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави барање за дополнување на дневен ред за расправа на комисијата за труд и социјална работа со барање за доставување на информации околу несреќата во Тетово. Претседателот на комисијата иако го стави на дневен ред ова барање, СДСМ гласаше против, со што не прифати да се зборува за несреќата во Тетово, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката група на СДСМ, се додава во соопштението, постапи исто како Зоран Заев за кого несреќата е банална.
– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ откако ги исцрпи сите претходни механизми достави барање за формирање на анкетна комисија за случајот во Тетово. Четири години владејачкото мнозинство не е ништо друго освен гласачка машина на СДСМ и Зоран Заев. Ништо друго не ги интересира. Едноставно што ги интересира се тендерите, провизиите и бизнис зделките. Срамно и лицемерно е СДСМ да се повикува на маките и барањата на работниците, а од друга страна четири години да ги лаже, манипулира и замајува. Заврши времето на лаги и манипулации. Дојде време народот да одговори и да каже што мисли за СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.