Фрчкоски не е за амбасадор во Обединетите нации, напиша утринава пратеникот Антонио Милошоски на својот профил на Фејсбук.

Оваа реакција доаѓа по вчерашните најави дека Фрчкоски е предложен за амбасадор во ОН во Њујорк, откако од САД беше одбиен за амбасадорското место во Вашингтон.

– Таквото тргување со амбасадорската позиција во САД не’ доведе до понижувачка ситуација во март оваа година, кога висок претставник на Стејт Департментот лично му се јавил на Заев со став дека Вашингтон нема да даде согласност за владината одлука за номинација на Фрчкоски за амбасадор во Америка. Во присуство на уште еден државен функционер, Заев, за лошиот амбасадорски избор морал да се правда на уште полош англиски, објави Милошоски.

На вчерашната прес-конференција, претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека Фрчкоски е кандидат за амбасадор во ОН и дека Милошоски треба да ја свика собраниската комисија за надворешна политика, со што би почнала процедурата за негово поставување.