Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 5.334 нови случаи на инфекција со коронавирус (од тестирани 14.950), а 49 лица починаа.

На респиратор имало 259 пациенти, додека 6.456 лица биле хоспитализирани.

Од почетокот на епидемијата, 961,006 случаи на инфекција се официјално потврдени во Србија.

Поради алармантната ситуација во таа земја, вирусолог и професор на Медицинскиот факултет во Белград, Тања Јовановиќ, смета дека Србија треба да воведе рестриктивни мерки со цел да ја стави епидемијата под контрола.