Американка напишала роман ,,Како да го убиеш мажот”, па навистина го убила

/ 12.09.2018

Ненси Кремптон Брофи од Орегон пред неколку години напишала роман под наслов „Како да го убиеш мажот?“, а минатата седмица беше уапсена под сомнение дека навистина го убила својот сопруг.

Убиството се случило во јуни годинава. Даниел (63) бил професор во Кулинарскиот институт во Орегон. Неговото тело го пронашле студенти во кујната.

Американката со својот пет години помлад сопруг Даниел Брофи била в брак 27 години.

Во написот којшто го објавила во 2011 година, Ненси вели: „Како писателка на трилер-романси, минувам многу време размислувајќи за убиства и, потоа, за полициската постапка. По сето тоа, ако убиството треба да ме ослободи од некого, сигурно не сакам да бидам ни ден в затвор.”

Натаму авторката наведува бројни мотиви и причини поради коишто некоја жена би сакала да го убие сопругот, како што се злоставување или неверство. (МИА)


Од истата категорија