Здружението на уметници и педагози Арс Ад Астра, во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола вечер организираат концерт со руска класична музика.
Според програмата, во битолскиот Музеј ќе настапат пијано дуо Билјана Димовска и Татјана Божиновска и пијано дуо Маја Божиновска и Горјана Стојановска.
-Акцентот на вечерашниот настан е руската класична музика, која има плејада композитори што твореле неповторлива музика низ вековите, а наша должност како уметници е да ја пренесуваме и да ја шириме љубовта кон музиката. Вечер очекуваме посебен интерес и посета од младите луѓе кои се повеќе сакаат и уживаат во класичната музика, посочија организаторите на вечерашниот културен настан во Битола.
Концертот „Вечер на руска музика“ е поддржан од Општина Битола.